Велика Британија: Коњско месо од Романија се продава во конзерви како говедско
Конзерво со коњско месо, наместо со говедско, како што било наведено на конзервите, се продаваат во Велика Британија. Конзервите се со потекло од Романија, јавуваат британските медиуми.
Британската Агенција за храна соопшти дека производот е произведен во Романија во јануари 2013 година и се продавал во ланците „Хоум Баргаинс“ и „Квалити Сејв“. При рутинска контрола во конзервите со етикети „говедско“ било утврдено присуство на коњско месо меѓу еден и пет проценти.
Претседателот на романската Национална агенција за санитарно-ветеринарни прашања и за безбедност на храната, Владимир Манастирјану изјави дека фирмата производител на конзервите е идентификувана и оти е започната проверка.
Манастирјану изјави дека присуството на повеќе од еден отсто коњско месо во конзервите со говедско претставува злоупотреба.
Според него, во зависност од утврдените факти при проверката, ќе бидат преземени соодветни мерки.
Во Европа во текот на пролетта оваа година изби скандал со коњско месо, продавано како говедско во форма на полуфабрикати. Романија беше посочена како доставувач на коњското месо, но проверките на француските власти утврдија дека постои мрежа во пет земји, Франција, Луксембург, Романија, Холандија и Кипар, кои се поврзани со овој скандал.
Слично
