Велика Британија ќе ја зголеми возраста за пензионирање на 70 години?
Британија размислува да ја зголеми пензиската возраст на 70 години. Според Министерството за финансии на Островот , мерката треба да стапи во сила до 2046 година.
Владата планира да ги забрза пензиските реформи , така што првата фаза е пензиската возраст да се укине од 65 на 68 години до 2030 година. Вториот чекор ќе ги обврзе Британците да работат до 70- годишна возраст, по 2046 година , ако сакаат да се потпрат на државна пензија.
Според британското Министерство за финансии , одлуката ќе биде тешка, но ќе гарантира фер даноци за работоспособните Британци и достојна старост за идните пензионери .
Слично
