Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велика Британија го подготви прашањето за референдум за членство во ЕУ

Велика Британија го подготви прашањето за референдум за членство во ЕУ

„Да остане ли Велика Британија членка на Европската унија“.

Ова ќе биде прашањето, на кое Британците ќе треба да одговорат со „да“ или „не“ на референдумот кој две години го прецизира британската влада.

Изборот на зборови е важен, бидејќи кампањата на поддржувачите на еврочленството ќе може да се води како кампања на позитивниот одговор „да“, што можеби ќе и даде позитивен имиџ од оној на противниците.

Владата соопштила дека прашањето, додека се подготвува да поднесе предлог-закон со кој се гарантира дека до крајот на 2017 година ќе биде распишан референдум за останување на земјата во Европската унија.

Реизбраниот премиер Дејвид Камерон започна дводневна турнеја во голем број европски метрополи, барајќи поддршка за напорите за реформи во ЕУ.

„Поднесувањето на нацрт-законот за референдум за ЕУ ​​е конкретен чекор кон решавање на дебатата за учеството на Велика Британија во ЕУ“, истакнал близок извор до премиерот Дејвид Камерон. Рокот за спроведување е најдоцна до крајот на 2017 година, но тој може да се организира уште во следната година.

„За прв пат по 40 години британскиот народ го има зборот за нашето место во ЕУ “, истакнал изворот. Првиот и последен досега референдум по прашањето за припадноста на Британија кон европскиот блок е во 1975г.

Електоратот ќе биде практично ист како за парламентарни избори. Од британски и ирски државјани и државјани на Комонвелтот, кои постојано живеат во Велика Британија, и имаат над 18-годишна возраст.

Спротивно на практиката на парламентарните избори, членовите на Домот на лордовите, ќе може да гласаат. Граѓани на ЕУ кои имаат право да гласаат на локалните избори, нема да имаат право да гласаат за рефередумот.

Предлог-законот за организирање на референдумот ќе биде претставен официјално денес и ќе биде доставен за разгледување во Домот на општините - Долниот дом на британскиот Парламент.

Слично

Поврзани вести