Велика Британија ги замрзна сметките на „Russia Today“
Велика Британија ја блокирала банкарската сметка на рускиот телевизиски канал „Russia Today“, објави Ројтерс. Веста беше објавена од главниот уредник на медиумот Маргарита Симонјан во социјалните мрежи.
„Сметките во Велика Британија ни се блокирани. Сите наши сметки. Одлуката не може да биде обжалена. Да живее слободата на говорот!“, напиша Симонјан.
Таа не прецизира каква е причината за одлуката на Лондон.
Пред РБК, Симонјан објаснува дека одлуката била изненадувачка за неа. Главниот уредник наведува дека не ја знае причината, но признава дека може да е поврзана со новите санкции на Велика Британија против Русија.
Во септември британскиот регулатор „Ofcom“ го обвини рускиот телевизиски канал за 15 прекршувања на правилата за емитување и започна проверка. Пред тоа, во 2014 година регулаторите открија нарушувања во преносот на информациите за украинската криза.
Во август 2015 година, Европската банка за развој ги сопре средствата на „Russia Today“ за реклами со објаснување дека тие можат да одат кај Извршниот директор на новинската агенција „Русија денес“, Дмитриј Кисељов, кој е вклучен во листата со европските санкции. Месец порано британската банка „Barclays“ ја замрзна сметката на „Russia Today“ со истиот мотив.
