Велигденското примирје помеѓу Русија и Украина траеше само 38 минути
Украина и Русија се обвинија меѓусебно за кршење на примирјето на православниот Велигден. Примирјето беше прекршено само 38 минути по неговото започнување.
Гувернерите на два руски гранични региони тврдеа дека украинските беспилотни летала повредиле пет лица откако нападнале цели во регионите Курск и Белгород. Во меѓувреме, украинската војска соопшти дека руските сили ги прекршиле условите на 32-часовното примирје 469 пати.
Тие тврдат дека ова вклучувало напади, гранатирање и напади со беспилотни летала. Примирјето го објави рускиот претседател Владимир Путин во четврток, а стапи на сила во сабота во 13:00 часот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи да го почитува. Пред примирјето, Украина и Русија разменија по 175 војници.
Ова се случи во време кога преговорите предводени од САД за постигнување договор беа прекинати, поради војната на Блискиот Исток.
Александар Хинштејн, гувернер на рускиот пограничен регион Курск, тврдеше дека украински беспилотен авион погодил бензинска пумпа во градот Лгов, при што биле повредени три лица, меѓу кои и едно дете.
Хинштеин тврдеше дека нападот се случил откако започнал прекинот на огнот.
Во соседниот регион Белгород, гувернерот Вјачеслав Гладков изјави дека две лица се повредени во украинските напади со беспилотни летала.
