Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велигденско примирје во три чекори - Украина излезе со предлог

Велигденско примирје во три чекори - Украина излезе со предлог

Украина има предлог до Русија за велигденско примирје. 

Михајло Подољак, советник на шефот на Претседателството на Украина, на Руската Федерација ѝ нуди специјални преговори поради постојаните напади на челичарата „Азовстал“ во пристанишниот град Мариупол.

„За да се направи тоа, потребни се само три Мариуполски чекори: 

  1. Прогласете вистинско велигденско примирје над Мариупол.
  2. Веднаш да се обезбедат хуманитарни коридори за цивилите.
  3. Согласете се на „специјална рунда преговори за да се одземе/размени војската“, напиша Подољак на Твитер.

Руските сили веќе два месеци војуваат во Украина, а досега има илјадници загинати. Најтешка е состојбата во Мариупол каде има „заглавени“ цивили. 

фото Твитер

Слично

Поврзани вести