Велигденско јајце вредно 360.000 долари – засега
Денес е последната можност да се фарбаат јајца за Велигден. Бојадисаните јајца се еден од најважните симболи на празникот, а во секоја куќа фарабњето на јајца е вистински ритуал.
И додека едно обично Велигденско јајце чини денар , тогаш јајцето создадено од страна на Џеф Кунс, привлече понуди за рекордни 360 илјади долари, пишува Daily Mail.
Уникатното дело што учествува во добротворна иницијатива на Faberge - Big Egg Hunt е високо еден метар и сеуште не го пронашло својот купувач, бидејќи тендерот продолжува. Во моментов тоа се чува на тајна локација во Њујорк, а по завршувањето на аукцијата ќе отпатува кон човекот кој би платил најголема сума за него. Продавачот на јајцето - уметничко дело вели дека тоа веќе се здобило со уникатен рекорд во веб продажбата.
360 илјади долари, сепак не е конечната сума, која може да биде платена за ремек делото на Џеф Кунс, имајќи предвид дека минатата година друга негова изработка ( Balloon Dog ) беше продадена за неверојатни 58,4 милиони долари.
59-годишниот Кунс открива дека добил инспирација за создавањето на јајцето од јин и јанг. Затоа тој решил да се рекреираат машките и женските квалитети во форма на цртан лик и морж. Во делото е вложено и чувство за семејно обединување.
Други уметници исто се вклучиле во хуманитарната иницијатива на Faberge, преку која се собираат средства за училиштата во Њујорк и за организација која ги заштитува загрозените азиски слонови.
Слично
