ВЕЛИ ЖИВОТОТ Е ТУРБУЛЕНТЕН: Зошто Лукашенко споменува колапс на Русија?
Белорускиот претседател Александар Лукашенко споменува колапс на Русија и ги повика екс-членките на СССР да не ѝ вртат грб.
Тој заклучи дека е невозможно да се знае што ќе се случи, но дека поранешните членки на СССР „ќе мора да ѝ се обратат на Русија за помош“.
Вели дека последните настани покажале дека овие земји „никаде не се добредојдени“ и дека мора да се држат заедно.
„Знаете, од моето искуство, животот е турбулентен и променлив. Многумина бараат придобивки и го напуштаат нашиот општ развојен тренд развиен во советско време. Некои мислат – ќе се држиме подалеку од Русија, таа е под санкции, се плашиме дека тие ќе ни се наметнат и нас, ние се грижиме само за сопствените интереси – но немојте да го правите тоа“, нагласи Лукашенко.
Поради војната во Украина, Русија и Белорусија се под санкции. Војната во Украина почна пред 2.5 години.