ВЕЛАТ ДЕКА УНЕСКО ПРОМОВИРА РАЗДОРНИ КАУЗИ: САД ќе ја напуштат организацијата
САД објавија дека излегуваат од УНЕСКО и тоа по втор пат.
Соединетите Американски Држави(САД) денеска го објавија своето повлекување од Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), која веќе ја напуштија за време на владеење на Доналд Трамп на крајот од 2018 година, пред да се вратат во јуни 2023 година.
„Одлуката на УНЕСКО да ја признае ‘Државата Палестина’ како земја-членка е многу проблематична, спротивна на политиката на САД и придонесе за ширење на антиизраелската реторика во рамките на организацијата“, додаде Брус.
Повлекувањето на САД ќе стапи на сила на 31 декември 2026 година.
Генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле, изјави дека „длабоко жали“ за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Колку и да е жално, ова соопштение беше очекувано и УНЕСКО се подготвуваше за тоа“, рече Азуле.
На социјалната мрежа Икс, францускиот претседател Емануел Макрон ја даде својата „непоколеблива поддршка“ на УНЕСКО, „универзален заштитник на науката, океанот, образованието, културата и светското наследство“.
