Веќе трет ден ни трага ни глас од малезискиот авион
И по три дена, исчезнувањето на авионот на Малезија ерлајнс со 239 патници, претставува вистинска воздухопловна мистерија. Надлежните не успеваат да откријат што точно се случило со авионот од летот МХ 370 кој исчезна од радарот во Јужното Кинеско Море.
Во потрагата се вклучени неколку земји, но уште нема никакви траги од авионот, иако од Малезија ерлајнс ги известиле семејствата на патниците на овој лет „да се подготват на најлошото“.
Меѓу патниците на авионот, четворица биле со украдени пасоши, што само ги подгреа шпекулациите за можен терористички напад.
Исчезнувањето на малезискиот авион е „воздухопловна мистерија без преседан“, изјави денеска заменик-директорот на Малезиската цивилна воздухопловна служба Азхарудин Абдул Рахман.
„За жал не пронајдовме што било, што изгледа како предмети од авионот. Што се однесува до нас, мораме да го пронајдеме леталото, мораме да најдеме барем дел од него, доколку тоа е можно“, изјави Рахман.

Слично