Економија, финансии, бизнис

Контакт

Веќе нема бесплатно лекување за оние кои одбиле да примат вакцина против коронавирусот

Веќе нема бесплатно лекување за оние кои одбиле да примат вакцина против коронавирусот

Сингапур повеќе нема да плаќа за лекување на луѓето кои не се вакцинирани. 

Владата досега ги покриваше трошоците за лекување на дел од граѓаните, но од 8 декември ќе доставува фактури за пациентите кои се инфицирани и одбиле да ја примат вакцината против коронавирусот. Властите ќе продолжат да плаќаат за оние кои не можат да ја примат вакцината поради здравствени причини, како и за децата помали од 12 години. Овие пациенти сепак ќе можат да користат приватно осигурување за да ги надоместат трошоците. Островот се соочува со најлошиот бран на инфекција од почетокот на епидемијата со околу 2.000 до 3.000 заразени дневно. Сингапур има една од највисоките стапки на вакцинација во светот, со 85 отсто целосно вакцинирани од 5,5 милиони жители.

Српскиот претседател Александар Вучиќ деновиве изјави дека жали затоа што бесплатно ги лекувале сите граѓани заразени со коронавирусот. Оставиле на свеста на луѓето и сега епидемиолошката состојба е лоша. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести