Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕЌЕ ИМА 128.000 СЛЕДБЕНИЦИ - турскиот претседател отвори свој канал на телеграм

ВЕЌЕ ИМА 128.000 СЛЕДБЕНИЦИ - турскиот претседател отвори свој канал на телеграм

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера отвори свој канал на платформата Телеграм.

“Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е на Телеграм! Ви благодарам што се претплативте на нашиот Телеграм канал. Денеска отвораме и нов канал на новата платформа БИП”, напиша синоќа Ердоган на каналот.

Каналот на Ердоган е верификуван од Телеграм, а заклучно со синоќа тој веќе има повеќе од 128.000 следбеници, наведе Тасс.

Неодамна, многу корисници на социјални мрежи и месинџери го напуштија WhatsApp,  поради ажурираните услови за користење, според кои своите податоци мораат да ги споделуваат со Фејсбук.

Одлуката дека на Фејсбук ќе му бидат проследени телефонските броеви, трансакциите и IP-адресите на корисниците на WhatsApp беше критикувана во Турција, при што многумина се префрлија на Телеграм и БИП, месинџер на турската телекомуникациска мрежа Турксел.

Слично

Поврзани вести