Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Веќе е смислен и автобус за вакцинација

(ФОТО) Веќе е смислен и автобус за вакцинација

Автобус за мобилно вакцинирање изработиле фабриката за автобуси на Mercedes-Benz, заедно со компанијата Huber Group. Во автобусот, како што се соопштува може да се вакцинираат дури 400 лица во текот на еден ден.

Од компанијата соопштуваат дека внатрешноста на моделот Setra MultiClass S 415 LE, се прочистува со помош на специјални филтри кој ги елиминира вирусите. Прилагоден е да овозможува дигитален процес на вакцинирање, почнувајќи од регистрација, до консултации околу вакцината, како и самото вакцинирање.


Во следните неколку недели, автобусот ќе се користи во области каде на пример е неопходно постарите лица да патуваат повеќе до најблискиот центар за вакцинација, а потоа вакви автобуси ќе бидат достапни и за компании и институции за вакцинација.


Слично

Поврзани вести