ВЕЧЕРВА ВИСТИНСКА ДРАМА ВО ПАРИЗ - АВТОМОБИЛ ВЛЕТАЛ ВО КАФУЛЕ: Еден загинат, шестмина повредени
Возач на
автомобил вечерва околу 19 часот и 30 минути влетал во градината на едно
кафуле, при што едно лице загинало, а биле повредени шестмина од гостите, пишува Reuters, повикувајќи се на
полициски извори.
Тројца од повредените ие се во тешка состојба, додаваат истите извори, а како што пишува францускиот весник Parisien, останатите три лица кои се полесно повредени.
Возачот побегнал, но сопатникот бил уапсен, јави Франс прес, додавајќи дека сопатникот бил позитивен на алкохол и дрога.
Инцидентот се случил во познатата париска област Пер Лашез.
Фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ
Слично
