ВЕЧЕРАЛ СО СЕДУМ СЕДУМГОДИШНИЦИ - Јапонскиот премиер се кае откако бил фатен како ги прекршува мерките
Јапонскиот премиер е фатен како ги прекршува мерките за заштита од коронавирусот, додека неговата земја се соочува со раст на бројот на заразени со коронавирус.
Јошихуде Суга изразил грижа на совест поради неговото присуство на групна вечера со познати пријатели.
Со недели здравствените власти во Јапонија апелираат до граѓаните да ги намалат секојдневните активности, да останат претпазливи и да ручаат само во мал број за да се спречи нов зимски бран на Ковид-19.
Меѓутоа во понеделникот Суга ги прекршил упатставата од сопствената влада со присуствуање на собир, односно вечера со седум гости. Сите имале по барем 70 години или повеќе, а се собрале во елитен ресторан во Токио.
Премиерот на Јапонија во изјава за новинарите во среда рекол дека била почитувана физичката дистанца меѓу сите учесници во настанот, но и дека многу се кае.
Во разговор за „Нипон ТВ“, Суга рекол дека доцнел на таа вечера и дека планот му бил само да се поздрави со гостите и да си замине, но сепак се задржал околу 40 минути.
