Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕ СОВЕТУВАМЕ ДА ПРЕКИНЕТЕ - КИНА ВРИЕ! Велика Британија во центарот на драмата: Мора да ги следите правилата

ВЕ СОВЕТУВАМЕ ДА ПРЕКИНЕТЕ - КИНА ВРИЕ! Велика Британија во центарот на драмата: Мора да ги следите правилата

Поради најавената посета на претставници на Велика Британија на Тајван, Кина итно реагираше. Најавите се дека британскиот министер за трговија ќе го посети Тајван оваа недела на трговски разговори и средба со претседателот Цаи Инг-вен, соопшти неговиот кабинет во понеделникот, што предизвика лута реакција од Пекинг. Кина силно се спротивставува на каква било официјална интеракција меѓу Тајпеј и странските влади, кои според неа го поддржуваат одвојувањето на Тајван од Кина.

Грег Хендс, министер за трговија и пратеник, ќе се сретне со Цаи и ќе биде ко-домаќин на 25-те годишни трговски разговори меѓу Велика Британија и Тајван за време на дводневната посета на Тајван, соопшти Одделот за меѓународна трговија на ОК.

Личната посета на Тајван е јасен сигнал за посветеноста на Велика Британија за зајакнување на трговските врски меѓу Обединетото Кралство и Тајван, пишува „Мондо.рс“.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан рече дека Кина силно се противи на официјалната трговија меѓу Тајван и земјата со која Кина има дипломатски односи.

- Ја повикуваме британската страна да стави крај на сите форми на официјална трговија со Тајван и да престане да испраќа погрешни сигнали до сепаратистичките сили за независност на Тајван - рече тој.

Хендс ќе се сретне и со главниот трговски преговарач на Тајван, Џон Денг и со министерот за економија Ванг Меи-хуа, објавија од неговиот кабинет.

Тајванското Министерство за економија одби да ја коментира неговата посета и рече дека состаноците што ги организира се затворени за медиумите. Тајван ја гледа Британија како демократски партнер и е охрабрен од загриженоста на Лондон поради неодамнешните кинески воени вежби во близина на островот и британската поддршка за Тајван да учествува во меѓународните организации од кои островот е исклучен поради кинеското противење.

Како и Тајван, Британија сака да се приклучи на Сеопфатниот и прогресивен договор за транспацифичко партнерство (CPTPP). Членките се согласија во февруари дека Британија може да продолжи со барањето за членство, бидејќи бара нови трговски односи по напуштањето на Европската унија. Кина исто така поднесе барање за членство во CPTPP. Британија нема формални дипломатски врски со Тајван, но тие одржуваат блиски економски и неформални односи, а Британија де факто одржува амбасада во Тајпеј.

Западните политичари и други официјални лица ги засилија своите посети на Тајван и покрај гневот на Пекинг. Кина организираше воени вежби во близина на Тајван во август по посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси на Тајпеј.

Слично

Поврзани вести