Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВБ: Шкоти останете, ова ви го нудиме

ВБ: Шкоти останете, ова ви го нудиме

Британската влада е подготвена да вети низа нови овластувања на Шкотска, доколку на референдумот за независност Шкотите одлучат да останат во составот на Велика Британија.

Ова го најави британскиот министер за финансии Џоррџ Озборн. Тој рекол дека плановите ќе бидат направени во наредните денови и дека се во план на Шкотска да и се зголеми автономијата во поглед на даноците, потрошувачката и социјалните давачки, јавува британски Би-Би-Си.

„Ќе видите, во наредните неколку дена, план на акции да и се дадат повеќе овластувања на Шкотска. Тогаш Шкотска ќе го има најдоброто од „двата света“. Тие истовремено ќе изберат ризик од отцепување, но ќе имаат поголема контрола над својата судбина - што е, како мислам, она што многумина Шкоти сакаат да го имаат“, рекол Озборн, пренесува Ројтерс.

Озборн наведува обезбедување на поголеми овластувања на Шкотска поврзани за даночната политика, многу поголема фискална автономија, поголема контрола над јавните расходи, повеќе контрола над стапката трошења на социјалните бенефиции и низа други мерки.

Планираните мерки на Лондон во корист на Единбург би биле резултат на договор на сите три главни партии во британскиот парламент и би биле применети во „оној момент штом би слушнале 'НЕ' на престоечкиот референдум, наведува Озборн.

За помалку од две недели од референдумот, најновата анкета на јавно мислење покажа дека кампањата за независност ја поддржале 51 одсто од Шкотите и дека против се 49 одсто од нив, со што „сепаратистите“ придобиле значаен број на неопределени, бидејќи пред само месец дена „унионистите“ имале дури шест одсто предност над сепаратистите.

Слично

Поврзани вести