Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАЖИ ЗА БРУТАЛЕН ГЕНЕРАЛ: Путин назначи нов човек кој ќе управува со воените дејствија во Украина

ВАЖИ ЗА БРУТАЛЕН ГЕНЕРАЛ: Путин назначи нов човек кој ќе управува со воените дејствија во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин постави нов командант во војната во Украина.

Командантот на Воздухопловните сили (ВКС) на Руската Федерација Сергеј Суровикин е назначен за командант на Здружената група на сили во зоната на специјални операции во Украина. Важи за брутален генерал. Дека тој ќе раководи со воените дејствија во Украина најави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Од 24 јуни, Суровикин командуваше со Јужната група руски трупи во „зоната за специјална операција“ во Украина. Претходно командуваше со руска група во Сирија, а учествуваше и во втората чеченска војна.

Суровикин беше назначен за командант на руските воздушни сили во ноември 2017 година. Претходно, од октомври 2013 година, тој командуваше со трупите на Источниот воен округ.

Проруските сили во Украина излегоа со критики за рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести