Важеше за сојузник на Путин, а сепак му рече дека не признава квази државни територии како Доњецк и Луганск
Kазахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токаев го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин и го постави прашањето за правото на народите на сопствена држава.
Иако тој е еден од клучните сојузници на Путин, не се согласи со него и му упати јавна критика откако сакаше да ја оправда руската инвазија на Украина, пишува Блумберг.
„Казахстан не признава „квази-државни територии какви што се, според нас, Луганск и Доњецк. Можеме да кажеме дека територијалниот интегритет е света категорија од една страна, додека други ќе тврдат дека секоја нација што живее во една земја има право на самоопределување и право да се оддели од таа држава“, рече казахстанскиот претседател.
Тој објасни дека во светот би имало повеќе од 500 нови држави кога сите народи би го реализирале тоа право и би настанал хаос. Путин се правдаше дека сака да ги заштити луѓето кои говорат руски во Украина.
