На Грците ќе им биде подобро ако ја напуштат евозоната?
Грција е жртва на монетарната унија и земјата има потреба да ја искористи можноста да ја напушти еврозоната, изјави чешкиот претседател Вацлав Клаус во интервју за германското списание „Капитал“.
- Не треба да се зборува за механизам за спас на Грција и за утопијата на еврозоната, нагласи чешкиот претседател и додаде дека многумина, меѓу кои и тој самиот, уште одамна сфатиле дека идејата за заедничка валута на цела Европа е погрешна и опасна и оти таа ќе доведе до големи економски проблеми.
Тој истакнува дека сите зборуваат за предностите на европските интеграции, но никој не кажува за нивните недостатоци.
Слично
