Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАТИКАНСКИТЕ МИЛИОНИ НИКОЈ НЕ ГИ КОНТРОЛИРА: Главниот ревизор на Светата Столица поднесе оставка

ВАТИКАНСКИТЕ МИЛИОНИ НИКОЈ НЕ ГИ КОНТРОЛИРА: Главниот ревизор на Светата Столица поднесе оставка

Главниот ревизор на Ватикан Либеро Милоне поднел оставка, соопшти денес Ватикан.

Во соопштението се наведува дека Милоне понудил оставка и дека Папата Фрањо ја прифатил, но не е дадено образложение.

Ватикан веќе со години се обидува да ги доведе во ред своите финансии.

Милоне и шефот на финансии на Ватикан, кардиналот Џорџ Пел се судрија со ватиканската бирократија околу ревизорските прашања, посебно со канцеларијата задолжена за црковен имот на Ватикан.

Најновиот инцидент бил спор околу улогата на надворешните ревизорски куќи Прајсвотерхаус Куперс(PricewaterhouseCoopers).

Оставката на Милоне веројатно ќе биде уште еден удар за Пел, чиј некогаш широк мандат да ги надгледува финансиите на Ватикан често се намалува.

Слично

Поврзани вести