Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ватиканската банка отвори интернет страница

Ватиканската банка отвори интернет страница
По низата скандали и бројни критики на сметка на недостаток на транспарентност и во обид да го поправи својот имиџ, Ватиканската банка лансира своја интернет страница, www.ior.va. Како што изјави претседателот на банката, Ернст фон Фрајберг, на сајтот во октомври ќе биде објавен годишниот извештај за работата на банката. Тоа ќе биде прв пат банката да објави финансиски резултати, кои ќе пружат информации за реформите и активностите на банката и начините на кои и дава поддршка на црквата и на хуманитарните акции. Ватиканската банка повеќе пати била под истрага на италијанските власти поради сомневање околу перење на пари. Минатиот месец директорот и заменик-директорот на Ватиканската банка поднесоа оставки затоа што еден од свештениците близок до банката беше уапсен и обвинет дека имал намера илегално да пренесе 20 милиони евра од Швајцарија во Италија. Официјално позната како Институт за верски дела (Institute for the Works of Religion (IOR)), банката е една од најтаинствените во светот.
Слично

Поврзани вести