Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ватиканската банка го објави својот прв извештај за работата

Ватиканската банка го објави својот прв извештај за работата
Банката на Ватикан или попозната како Институт за религиозни работи, денеска за прв пат објави годишен извештај, според кој, банката минатата година остварила профит од 86, 6 милиони евра, што е за четири пати повеќе во однос на 20,3 милиони од 2011 година. - Со објавувањето на годишниот извештај ја исполнуваме обврската нашите активности да ги направиме транспарентни, што оправдано го очекуваат клиентите, власта на Ватикан, поврзаните банки и јавноста - изјави претседателот на банката Ернст Фон Фрејберг. Папата Франциско во август наложи засилени мерки со цел на банката да и се оневозможи затајување, перење пари и финансирање на тероризмот, пренесе ДПА.
Слично

Поврзани вести