Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ватикан со „геј сауни и салони за секс услуги“ во центарот на Рим

Ватикан со „геј сауни и салони за секс услуги“ во центарот на Рим

Во самиот центар на Рим, Ватикан поседува луксузни сауни и салони за масажа, кои свештениците на Светиот престол ги користат за секс услуги. Ова беше јасно од последните откритија поврзани со аферата „Vatileaks“ (Ватиликс). Скапи недвижности се купени по многу ниски цени, доста под пазарните.

Како пример се споменуваат две улици во непосредна близина на италијанскиот парламент во главниот град, крај плоштадот „Piazze Barberini“, соопштува „Индипендент“.

Сите овие имоти се управувани од ватиканската организација „Здружението за изучување на религијата“. Нивната вредност се одредува на неколку стотици милиони евра. Ватикан го негира повлекувањето на папата поради геј скандал.

Само пред две години Ватикан го купите целиот блок во Рим за 22 милиони евра, каде се сместени најголемите „геј сауни“ во Европа. Главен учесник во оваа инвестиција беше кардинал Тарчизо Бертоне, кој искористил повеќе од 200 000 евра за опремување на сопствениот дом од фондот наменет за болните и сиромашните како и фондот за пополнување со донации од целиот свет.

Слично

Поврзани вести