Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ватикан одбива да каже дали Папата Франциско ќе се вакцинира

Ватикан одбива да каже дали Папата Франциско ќе се вакцинира

Ватикан, најмалата земја во светот, очекува да добие доволен број вакцини за коронавирус во наредните денови со цел да ги вакцинира сите свои работници и жители.

Околу 450 луѓе живеат во Ватикан, вклучувајќи го и папата Франциско, а уште неколку стотици вработени живеат во Рим.

„Вакцините најверојатно ќе пристигнат во земјата во втората недела од јануари во доволни количини за да се задоволат потребите на Светиот Престол и државата Ватикан“, се вели во соопштението.

Вакцинацијата ќе започне во втората половина на јануари и приоритет ќе имаат вработените во јавното здравство и безбедноста, старите лица и вработените кои се во чест контакт со јавноста, пренесува Ројтерс.

Вакцинацијата ќе биде доброволна. Ватикан не објави дали и кога ќе биде вакциниран 84-годишниот Папа, кој на мала возраст поради болест загубил дел од дробовите.

Досега во Ватикан се регистрирани 27 случаи на коронавирус и никој не починал од последиците на болеста.


Слично

Поврзани вести