Вашингтон збесна: Абрамович извезе два американски авиони во Русија
Американските власти поднесоа обвинение против рускиот милијардер Роман Абрамович за извоз на два авиони од американско производство во Русија без дозвола, што е неопходно поради санкциите што Вашингтон и ги воведе на Москва по инвазијата на Украина, објави Ројтерс.
Американското Министерство за економија соопшти дека Абрамович во февруари ги именувал децата како корисници на „офшор ентитет“, кој ги поседува Боинг 787 Дримлајнер и Голфстрим Г650 ЕР, но дека продолжил да ги контролира.
Федералните обвинители во Менхетен сега се обидуваат да запленат два авиони, покажуваат судските документи, според Ројтерс.
Ројтерс пишува дека обвинувањата доаѓаат во време кога американските власти се обидуваат да извршат притисок врз деловните лидери блиски до рускиот претседател Владимир Путин за да ја убедат Москва да ги прекине воените дејствија во Украина.
Ројтерс додава дека САД не вовеле санкции за Абрамович лично.
