Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Вашингтон работи како во камена доба“

„Вашингтон работи како во камена доба“
Американското стопанство веќе со години расте по двоструко поголема стапка отколку што се прикажува во официјалните податоци, тврдат економисти од универзитетот Пенсилванија. Тие го обвинија државното биро за економски анализи дека не води доволно сметка, во текот на утврдувањето на нивото на стопанскиот раст, за сите статистички показатели, како и дека работи по „методологија од камена доба“, предлагајќи сопствена формула која, како што наведуваат, дава значително пореални податоци за вистинската експанзија на најголемото светско стопанство. Според таа формула, вистинското ниво на стопанска активност на САД, која економистите од Пенсилванија ја нарекоа „БДП плус“, се утврдува не само според податоците за приходите и расходите, добиени на основа на анализите за работа на компаниите и информациите за реализација на данокот, туку и со помош на показател за нивото на невработеноста кој обично не се зема предвид.    
Слично

Поврзани вести