„Вашингтон пост“: УЕФА не требаше да го дозволи натпреварот меѓу Србија и Албанија
Почитуваниот американски весник „Вашингтон пост“ се прашува зошто Европската фудбалска унија (УЕФА) воопшто дозволи да се одигра натпреварот со висок ризик помеѓу Србија и Албанија кој во вторникот беше прекинат поради инциденти предизвикани со политичка провокација од албанска страна.
„Главното прашање е зошто УЕФА дозволила во иста група на квалификации за првенство на Европа да се најдат Србија и Албанија“, се вели во воведот на „Вашингтон пост“ .
Авторот на текстот потсетува дека во деведесетите години „НАТО водел војна на Косово, чија независност во меѓувреме ја призна дел од светот, додека Србија уште го смета за свој дел.
„Се работи за територија која воглавно ја населува албанско население, на кое му приаѓа и поголем дел од фудбалската репрезентација на Албанија. И додека делегациите на двете земји уверуваа дека се ќе помине во најдобар ред, искуството од минатото требало да натера барем некој во УЕФА да се запраша што би можело да тргне по зло“, констатира „Вашингтон пост“ и додава дека ова не е прв случај на катастрофално планирање на УЕФА.
„При квалификации за првенство на Европа 2008, во иста група беа ставени Азербејџан и Ерменија, и УЕФА не направи ништо“, наведува „Вашингтон пост“.
Авторот истакнува дека на крајот овие две земји кои порано водеа војна околу областа Нагорно-Карабах одлучиле да избегнат инцидент и го откажале натпреварот.
„Вашингтон пост“ исто така потсетува дека УЕФА, раководена токму од желбата да се избегнат конфликти, не ги ставила во иста група Шпанија и Гибралтар на ждрепката за квалификации за ЕП.
Нели би било најдобро за сите УЕФА да го направеше за Србија и Албанија она што го направи за Шпанија и Гибралтар, едноставно да ги раздвои, се прашува на крајот авторот на „Вашингтон пост“.
Натпреварот помеѓу Србија и Албанија е пркинат во вторникот на стадионот Партизан пред крајот на првото полувреме откако над теренот се појави беспилотно летало со знаме на тн. Голема Албанија, после што следеа инцидентите.
УЕФА покренала истрага по повод овие инциденти и на 23 октомври ќе донесе одлука за евентуална казна.
Обработка: И.Р
