ВАШИНГТОН ПОСТ ОБЕЛОДЕНУВА: ФБИ агентите бараа документи за нуклеарно оружје во домот на Трамп
Агентите на ФБИ бараа тајни документи за нуклеарно оружје
меѓу другите доверливи материјали кога го претресоа домот на Доналд Трамп во
понеделникот.
„Вашингтон пост“ цитира извори запознаени со истрагата дека се верува дека документите за нуклеарно оружје се меѓу документите што ги бара ФБИ во одморалиштето Мар-а-Лаго на Трамп. Тие не прецизираа за какви документи станува збор, ниту дали се однесуваат на американскиот арсенал или на арсеналот на друга земја, пренесува Гардијан.
Извештајот дојде неколку часа откако државниот обвинител Мерик Гарланд рече дека тој лично го одобрил барањето на владата за налог за претрес.
Извор запознаен со истрагата рече дека агентите на ФБИ отстраниле десет кутии од домот на Трамп за време на претресот.
ФОТО: EPA