Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Вашингтон пост“: Ако Белата куќа има докази, тогаш зошто ги крие?

„Вашингтон пост“: Ако Белата куќа има докази, тогаш зошто ги крие?
Зошто администрацијата администрацијата на Белата Куќа, не сака да и покаже на јавноста никакви докази кои го потврдуваат тврдењето, дека припадниците на сирискиот режим користеле хемиско оружје, туку бара да и се верува на зборовите, прашува во своето денешно издание „Вашингтон пост“. Пред десет години за „случајот Ирак",  јавноста, баш како и денес, била убедувана од американските власти дека постојат веродостојни докази, но нa крајот се воспостави дека не се во право. Денес американската администрација од јавноста очекува да верува во нивните тврдења дека тајните докази се уверливи, односно дека нивните планови за нова војна се солидни. Сепак, не сакаат да откријат никакви детали. „Кои се проценките за колатералната штета? За тоа би разговарале на затворен состанок. Кои мерки би осигурале дека воената акција ќе биде ограничена? За тоа може да разговараме на затворена седница" - бил официјалниот одговор. „Како Русија и другите сириски сојузници би реагирале на американскиот напад? Сите сме согласни дека по тоа прашање треба да се разговара на затворена седница" - одговорил државниот секретар Џон Кери. Весникот потсетува дека Кери пред Конгресот изјавил дека добил мејл во кој пишувало дека „сириски генерал, министер за одбрана или поранешен министер, побегнал во Турција". Неколку минути подоцна, Кери ја сменил својата изјава: „Мејлот кој го примив всушност бил извештај на Ројтерс во кој се споменува дека поранешниот министер за одбрана побегнал во Турција“. „Ројтерс сега тврди дека поранешниот министер сепак не побегнал", изјавил Кери на крајот. Токму во тоа лежи проблемот со случајот кој администрацијата на Обама го гради околу нападот на Сирија. Државните функционери тврдат дека поседуваат неспорни докази дека Асад користел „сарин" против сопствениот народ.  
Слично

Поврзани вести