Вашингтон ја тргна Куба од „црната листа“
Соединетите Американски држави официјално ја тргнаа Куба од листата држави кои го спонзорираат тероризмот, што е случен чекор на американските лидери кон нормализација на двете соседни држави, соопштиле од Стејт Департменот.
Отстранувањето на Куба од американската „црна листа“ ја отстранува главнта препрека за обновување на дипломатските врски на САД и Куба после 54 години, јавува Ројтерс.
Кубанскиот претседател Раул Кастро, неодамна рече дека Хавана и Вашингтон ќе разменат амбасадори кога Куба кон крајот на месецот ќе биде отстранета од американската „црна листа“ на држави кои спонзорираат тероризам.
Историски настан
САД неодамна престана активно да ја обвинува Куба за поддршка на тероризмот, пишува Ројтерес и додава дека Куба била една од четирите земји на спомнатата американска листа заедно со Ирана, Судан и Сирија.
Амеикански и кубански претставници веќе разговараат за однова на дипломатските врски, што се смета за историски настан.
Американскиот претседател Барак Обама и неговиот кубански колега Раул Кастро, во април одржаа историски разговори во Панама, што е прва средба на лидерите на САД и Куба од студената воена ера на 1950-тите години на минатиот век.
Обама и Кастро се состанаа на маргините на Самитот на Америка, после помирливите говори пред речиси 30 регионални лидри на две Америки.
