Вашингтон им нареди на персоналот од дипломатските мисии во Ирак да се повлечат
Американскиот
Стејт департмент нареди враќање на поголемиот дел од американскиот персонал од
дипломатските мисии во Ирак поради растечките тензии меѓу Вашингтон и Техеран, соопшти
американската амбасада во Багдад во средата, а пренесуваат медиуми од балканот.
Наредбата вклучува персонал кој не е задолжен за вонредни ситуации во американската амбасада во Багдад и во конзулат во Ербил во автономната покраина Курдистан, се вели во соопштението на Амбасадата.
"Визните услуги ќе бидат привремено прекинати на двете места", се додава во изјавата.
Амбасадата исто така ги советува граѓаните на САД да избегнуваат посета на Ирак.
Слично
