Вашингтон и сојузниците во НАТО прават планови во случај Русија да нападне територија на алијансата
Aмериканскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан денеска изјави дека Вашингтон и сојузниците во НАТО прават планови во случај Русија да нападне територија на алијансата.
За западната воена помош за Украина, Саливан рече дека ги разгледуваат можностите во случај Русија да одлучи да нападне територија на НАТО токму поради тоа што Украина се вооружува од тој правец или поради кој било друг контекст, пренесе руската агенција ТАСС.
Саливан вели дека американскиот претседател Џо Бајден е подготвен да одговори одлучно, заедно со другите членки на алијансата, во случај Русија да нападне.
Американскиот претседател Џо Бајден уште еднаш го нарече рускиот претседател Владимир Путин „воен злосторник”, овој пат при неговата посета на Полска.Русија соопшти дека ќе се насочи кон целосно ослободување на Донбас.
Слично
