Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАШИНГТОН И КИЕВ СЕ БЛИСКУ ДО ПОСТИГНУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МИНЕРАЛИТЕ - украинската вицепремиерка вели дека тимовите се пред ставање потпис

ВАШИНГТОН И КИЕВ СЕ БЛИСКУ ДО ПОСТИГНУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МИНЕРАЛИТЕ - украинската вицепремиерка вели дека тимовите се пред ставање потпис

Вицепремиерката на Украина, Олга Стефанишина, преку своја објава на платформата X, вели дека Вашингтон и Киев се блиску до постигнување на Договор за користење на минералите.

„Украинските и американските тимови се во завршна фаза од преговорите за договорот за минерали. Преговорите беа многу конструктивни, со финализирани речиси сите клучни детали. Ние сме посветени да го завршиме ова брзо и да продолжиме со ставање на потпис на тој документ. Се надеваме дека лидерите на САД и на Украина би можеле да го потпишат и поддржат во Вашингтон најбрзо за да ја покажат нашата посветеност во децениите што доаѓаат“, напиша Стефанишина во својата објава.

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести