Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАШИНГТОН ГАЗИ ПОРАДИ РУСКИОТ ГАС: Отворено им се закануваат на западни фирми кои го градат Северен тек 2

ВАШИНГТОН ГАЗИ ПОРАДИ РУСКИОТ ГАС: Отворено им се закануваат на западни фирми кои го градат Северен тек 2

Вашингтон повторно ги предупредува западните фирми кои вложуваат во рускиот гасовод Северен тек 2 кон Германија, дека ризикуваат воведување на санкции, тврдејќи дека Москва го користи овој проект да ја подели Европа.

„Ние јасно ставивме до знаење дека фирмите кои работат на проектот на рускиот гасовод се ангажирани во бизнис кој носи ризик од санкциите“, рекол портпаролот на Стејт департментот.

„Ние веруваме деа гасоводот ќе ја загрози вкупната енергетска сигурност и стабилност на Европа што Русија ќе даде уште еден инструмент на политичката принуда кон европските земји, посебно Украина. Русија сфаќа дека тој проект ја дели Европа и тоа го користи за себе“, додал тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Германија дека е „заробеник“ на Русија поради својата енергетска зависност и поддршка на планот дека ќе се удвои капацитетот на гасоводот на Северен тек кој оди под Балтичкото море до Германија, со што би се заобиколиле традиционланите маршути преку Украина.


Foto: EPA

Слично

Поврзани вести