Вартоломеј позитивен на Ковид-19
Вселенскиот патријарх Вартоломеј тестиран е како позитивен на Ковид-19, соопшти денеска Патријаршијата во Истанбул.
Духовниот лидер на православниот свет имал благи симптоми, а претходно бил целосно вакциниран. Сега е во добра општа здравствена состојба.
Осумдесет и едно годишникот неодамна имаше операција на срцето при неодамнешната посета на САД.
Вартоломеј ги повика луѓето да се вакцинираат и да ги следат препораките на лекарите.
Слично
