Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вартоломеј побара прекин на огнот помеѓу двете православни земји

Вартоломеј побара прекин на огнот помеѓу двете православни земји

Вселенскиот патријарх Вартоломеј упати апел што е можно побргу да се постигне прекин на огнот и да запре војната и инвазијата за време на свечената литургија посветена на Неделата на православието и повика „инволвираните страни да седнат на масата на преговори и да му дадат шанса на дијалогот“.

На свечената литургија во Истанбул присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој е во посета на Турција, а духниот лидер на православните христијани истакна дека војната е прекршување на меѓународното право, „кое веќе е правото на мирот“.

-Упатувам апел за итен прекин на огнот на сите фронтови на војната. Насилството и војната не само што не ги решаваат разликите, туку предизвикуваат болка и смрт и создаваат посложени проблеми. Треба веднаш, сега да прекине инвазијата и војната и да се даде нова шанса на дијалогот што во голема мера е средство на помирувањето и мирот, порача Вартоломеј.

Тој додаде дека Вселенската патријаршија како црква прави сè што може за да помогне да се намалт последиците од војната во Украина.

-Сите ние гледаме што се случува околу нас во срцето на Европа, како во 21 век започна и е во тек една неправедна војна, се пролева човечка крв, гинат луѓе, деца остануваат сираци, а жени вдовици, се уништуваат цели градови и села. Мислите и молитвите на сите нас се со нашите украински браќа сите овие денови, додаде Вартоломеј.

Мицотакис официјална средба со Вартоломеј ќе има попладне.

Слично

Поврзани вести