Економија, финансии, бизнис

Контакт

Валутната војна на Египет

Валутната војна на Египет
Додека инвеститорите се фокусираат на ослабнатите валути - од руската рубља до бразилскиот реал, Египет започна свој валутна војна. Земјата ја ослабна фунтата повеќе од која било друга валута на Блискиот Исток оваа година, откако Централната банка на земјата ги напушти заложбите во однос на доларот. Девалвацијата покажува како се сменија економските приоритети. Со децении најголемата арапска држава управуваше со својата валута, за да избегне девалвација на фунтата, што би довело до зголемување на увозот на стоки како леб и гориво. Валутата се задржа на ниво од 7,15 фунти за 1 долар за седум месеци откако Абдел-Фатах ел-Сиси стана претседател во јуни 2014 година Големата цел сега е земјата да остане конкурентна во однос на извозот во Европа, која е најголемиот пазар на Египет и во која еврото исто така поевтинува. Централната банка на Египет овозможи на фунтата да поевтини со 6,3% во трите недели до 2 февруари, што е најголем пад меѓу 19-те валути од Блискиот Исток и Северна Африка. Девизниот курс се доближи до 22-месечно дно од 7,982 за долар на црниот пазар, што е за 4,4% помалку од официјалниот курс. Египет сака да го сопре трендот во однос на еврото и да го отстрани црниот пазар на долари, изјави Гувернерот на централната банка Хишам Рамез. Нелегалната трговија со валутата напредува од 2012 година, откако политичката нестабилност и насилство ги избркаа странските инвеститори и туристи. Ова доведе до сериозен недостиг на долари. Разликата меѓу официјалниот и неофицијалниот курс беше симнат на половина од 9,4% до 4,4% до 13 јануари. Девалвацијата на валутата ќе продолжи, сметаат аналитичарите на Barclays Capital and Capital Economics. Од компанијата очекуваат дополнително 8% поевтинување до 8,25 фунти за долар до крајот на годината. K.K.
Слично

Поврзани вести