Валс: Прво мир, па Русија ќе ги добие воените бродови!
Францускиот премиер Мануел Валс изјавил дека Француската одлука поврзана со испораката на спорните носачи на хеликоптери „Мистрал“ Русија ја донела самостојно, пишува париски „Ле Парисиен“.
-Франција ги исполнува своите обврски, но Франција е земја која има тежина во заедниците на народите и бара во Украина да се воспостави мир. Таа ги донесува одлуките самостојно, никој од надвор не и диктира како да се однесува, рекол тој во текот на работната посета на градот Осер.
Валс рекол дека „во овој момент не се стекнати условите за предавање на „Мистрал“ .
Во почетокот на септември администрацијата на францускиот претседател соопшти дека има намера да го замрзне исполнувањето на договорот до ноември, за да види како ќе оди конфликтот околу Украина.
Договорот за производство на носачи е потпишан на 17 јуни во 2011 и Франција требала да направи за Русија две десантно-хеликоптерски брода од класата на „Мистрал“, по договор вредни приближно 1,2 милијарди евра.
Според договорот, испораката требаше да биде оваа есен а другиот носач „Севастопољ“, наредната година.
Руската новинска агенција наведува дека во случај на неисполнување на договорот Франција на Русија ќе мора да и плати големи пенали.
