Валс: Кулибали имал помошник
Речиси 5.000 припадници на француската полиција ќе ги обезбедуваат еврејските училишта, а премиерот Мануел Валс истакнал дека потрагата по соучесниците на Кулибали продолжува.
Терористит, кој упадна во една еврејска продавница и уби четири, а поголем број луѓе држеше како заложници неколку часа, имал соработник, потврдил Валс.
Тој истакнал дека нема сомнеж во ваквите информации и дека потрагата продолжува, додека трае разместувањето на полициските сили околу еврејските училишта.
Валс не навел по кого трага полицијата, но најверојатно станува збор за Ајат Бумедиен, која е во бегство од петокот, а според непотврдени информации таа успеала да избега од Франција и дека се упатила кон Сирија.
Заложничката криза во продавницата се случи по два дена од терористичките напади на редакцијата на магазинот „Шарли Ебдо“ во кои настрадаа 12 лица.
Слично
