Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАЛС: Aко Каталонија се одвои, Европа ќе се распадне

ВАЛС: Aко Каталонија се одвои, Европа ќе се распадне

Ако Каталонија се одвои од Шпанија, ќе биде тоа не само економска катастрофа, туку ќе ја уништи Европа, напиша бившиот француски премиер, Мануел Валс со потекло од Барселона за Журнал ди диманш. 

Тој пишува дека треба Каталонија и Каталонците да бидат предупредени дека ако се одвојат од Шпанија нема да бидат дел од ЕУ и еврозоната. 

Тој смета дека одвојувањето  е спротивно на историјата и интересите на каталонскиот народ. 

Тоа ќе доведе до распад не само на Шпанија, туку и на цела Европа. 

„Силата на тој регион е што е во исто време каталонски, шпански и европски. Ако му одземете еден од тие елементи ќе изгуби дел од идентитетот“ - пишува Валс. 

Валс додава дека мора да ја почитуваат Владата во Шпанија и да помогнат. 

Слично

Поврзани вести