Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вало-Белкасем:Спасувачкиот план за Кипар беше грешка

Вало-Белкасем:Спасувачкиот план за Кипар беше грешка

Потпаролката на француската влада Нажат Вало-Белкасем, изјави денеска дека спасувачкиот план за кипарската економија во видот во кој беше претставен од Никозија, беше грешка.

- Историјата покажува дека да се претстави проект, како што направија кипарските власти, е грешка, изјави таа по седницата на министерскиот совет.

Се очекува денеска францускиот претседател Франсоа Оланд телефонски да разговара со кипарскиот колега Никос Анастасијадис во обид да се најде решение за тешката ситуација, во која се наоѓа Кипар, во дух на европската солидарност и во услови на транспарентност и праведност за сите, посочија извори од Елисејската палата.

Слично

Поврзани вести