Вакво нешто не сте виделе - еве што направи земјотресот во Чиле
Земјотрес од 7.7 степени го зафати Чиле, при што имаше и опасност од цунами, но оваа најава е укината.
Овој силен потрес расцепи мост на река. Мештаните од Лос Логос се предупредени да си заминат од плажите.
Досега нема пријавени жртви. Според последните податоци, потресот е почувствуван и во градот Барилоче на југот од земјата.
Евакуација има во три области.
„Живеам на југот веќе 10 години и досега не сум почувствувал вакво нешто“ - вели еден жител за Би Би Си.
Евакуиран е и градот Куелоња кој е блиску до епицентарот.
Слично
