Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКВО НЕШТО НЕ СМЕ ВИДЕЛЕ - Русија согорува огромни количини гас, додека цените вртоглаво растат

ВАКВО НЕШТО НЕ СМЕ ВИДЕЛЕ - Русија согорува огромни количини гас, додека цените вртоглаво растат

Русија троши големи количини природен гас што претходно би го извезувала во Германија, додека трошоците за енергија во Европа растат.

Според Би-Би-Си, кој се повикува на анализа на Ристад енерџи, фабриката во близина на руската граница со Финска секојдневно согорува гас во вредност од 8,4 милиони фунти.

„Никогаш не сум видел фабрика за ЛНГ да гори толку многу“

Научниците се загрижени за количината на јаглерод диоксид и саѓи кои се создаваат од новата фабрика за течен природен гас (LNG) во Портоваја, северозападно од Санкт Петербург.

Граѓаните на Финска видоа големи пламени на хоризонтот претходно ова лето, а научниците пријавија значително зголемување на топлината што доаѓа од фабриката. Иако согорувањето на гас е нормален процес, обемот на согорување на гас во објектот бил невиден, велат експертите.

„Никогаш не сум видела централа за ЛНГ да се разгори толку многу. Во јуни забележавме високо ниво на горење. И нема да престане. Остана ненормално високо“, рече Џесика Мекарти, експерт за анализа на сателитски податоци во Универзитетот во Мајами.

Слично

Поврзани вести