Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКВИ СНИМКИ ОД ЗАТВОР ДОСЕГА НИКОГАШ НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ: Најкрволочните злосторници во една нова куќа, ја нарекоа МЕГАЗАТВОР

ВАКВИ СНИМКИ ОД ЗАТВОР ДОСЕГА НИКОГАШ НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ: Најкрволочните злосторници во една нова куќа, ја нарекоа МЕГАЗАТВОР

Салвадорскиот претседател Наџиб Букеле објави дека првите 2.000 затвореници биле префрлени „во зори, во една операција“ во Центарот за борба против тероризмот, кој според него е најголемиот затвор во Централна Америка.

- Ова ќе биде нивната нова куќа, во која ќе живеат со децении, сите измешани, не можејќи да нанесат дополнителна штета на населението - напиша Букеле на Твитер.

Мегазатворот во Теколока, 74 километри југоисточно од главниот град Сан Салвадор, се состои од осум згради. Секоја од нив има 32 ќелии од околу 100 квадратни метри за сместување на повеќе од 100 затвореници, според владата на Ел Салвадор. Ќелиите имаат два мијалници и по два тоалета.

Во март минатата година, претседателот Букеле им објави војна на бандите, воведувајќи вонредна состојба која неколкупати ја продолжуваше.

Во борбата против криминалот беа уапсени повеќе од 64.000 осомничени.

Властите соопштија дека бандите како што се МС-13 и Барио-18 брои десетици илјади членови и се одговорни за убиства, изнуда и трговија со дрога. Целта на масовните апсења е „целосно искоренување“ на бандите, додаваат од Владата.

Организациите за човекови права тврдеа дека невини луѓе биле уапсени од политички причини, а некои од приведените пријавиле дека биле подложени на „сурово, нечовечко или понижувачко постапување“.

Сепак, работата на Букеле против банди останува популарна меѓу салвадорското население.


Слично

Поврзани вести