Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКВИ НАПАДИ НЕМАЛО ОД 2014 ГОДИНА: Израел ќе запре кога во Газа ќе настапи целосна тишина

ВАКВИ НАПАДИ НЕМАЛО ОД 2014 ГОДИНА: Израел ќе запре кога во Газа ќе настапи целосна тишина

Властите на Израел не планираат да го запрат нападите во Појасот Газа. 

Воздушни и ракетни напади имаше во текот на целиот ден. 

„Израел нема да ја запре својата воена операција додека не се постигне целосна тишина“, изјави министерот за одбрана Бени Ганц. 

Палестинските милитанти испукале повеќе од 1.000 ракети кон Израел од понеделникот,  при што се уништени три станбени повеќекатници.

„Ќе им зададеме удари какви што не можеле ни да сонуваат. Ќе ги удриме уште посилно“, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Израел потврди дека ова се нивните најжестоки напади на Газа од 2014 година. Немири има во градовите со мешано еврејско-арапско население, при што во Лод, каде што е запалена и синагога, е прогласена вонредна состојба. Тензиите на Блискиот исток се прелеваат и во Германија. Млади луѓе фрлаа камења кон синагогите во Бон и во Минстер и го палеа израелското знаме. За насилството на Бликсиот Исток, Советот за Безбедност на ОН вечерва ќе одржи итен затворен состанок. 

Последниот судир меѓу Израел и Палестина следува по тензиите во Ерусалим кои траат веќе неколку неделни, а кои кулминираа во понеделникот, кога повеќе од 300 Палестинци беа повредени во судирите со израелските безбедносни сили пред џамијата Ал-Акса.

Слично

Поврзани вести