Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВАКУУМСКА БОМБА УПОТРЕБУВА РУСИЈА, ТВРДИ УКРАИНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО САД: „Ова страшно оружје го одзема воздухот од белите дробови“

ВАКУУМСКА БОМБА УПОТРЕБУВА РУСИЈА, ТВРДИ УКРАИНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО САД: „Ова страшно оружје го одзема воздухот од белите дробови“

Украина ја обвини Русија за употреба на термобарично оружје, познато и како вакуумска бомба, на украинска територија на шестиот ден од инвазијата.

„Денес употребија вакуумска бомба, оружје што всушност е забрането со Женевската конвенција“, изјави украинската амбасадорка во САД, Оксана Маркарова по состанокот со американските конгресмени во Вашингтон, пишува Политико, а пренесува Индекс. хр.

Но, затоа пред неколку дена беше потврдено дека ваквото оружје - поточно рускиот мобилен ракетен систем ТОС-1 - навистина е на пат кон Украина. Си-Ен-Ен го сними во саботата на руско тло на пат во близина на границата со Украина, јужно од Белгород, град во југозападна Русија.

Висок официјален претставник на американската одбрана потврди за Форин полиси дека руската војска навистина донела ракетни системи способни да истрелуваат термобарични ракети. Анонимен службеник одби да потврди каде точно руската војска ги поставила термобаричните фрлачи и дали тие се користени.

Вакуумска бомба или термобарично оружје, исто така наречена аеросолна бомба, се состои од резервоар за гориво и две експлозивни полнења. Може да се користи на два начина - или со фрлање од авион како бомба или испукување како граната или ракета, пишува Би-Би-Си.

Ова оружје функционира така што со првата детонација го отвора резервоарот за гориво и го распрснува горивото што како облак може да навлезе во секоја зграда, бункер или тунел кој не е херметички затворен.

Второто полнење потоа го активира и истовремено произведува огромна огнена топка. Детонацијата вшмукува кислород од околниот воздух за да произведе експлозија на екстремно висока температура, која потоа обично произведува експлозивен бран со значително подолго траење од детонацијата на конвенционалните бомби. Експлозијата на вакуумската бомба може да ги претвори погодените тела на жртвите во пареа, пишува Ројтерс.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во вторникот изјави дека видела извештаи за употреба на овие деструктивни оружја, но нема потврда дека Русија користела такво оружје.

„Ако тоа беше вистина, тоа потенцијално би било воено злосторство“, додаде Псаки, истакнувајќи дека постојат меѓународни организации кои ќе го проценат тоа и дека администрацијата на претседателот Џо Бајден „ќе побара да учествува во тој разговор“. 

ФОТО: Twitter/Oryx

Слично

Поврзани вести