Ваков топол октомври во Европа немало цели 30 години
Европската климатолошка служба Коперник денеска објави дека октомври годинава е најтопол во последните 30 години во Европа.
Просечните температури биле „речиси 2 степени Целзиусови повисоки од референтниот период од 1991 до 2020 година”. Летото 2022 година било најжешкото досега (околу 1,34 Целзиусови степени над нормалата).
„Времето беше посуво од просекот во поголемиот дел од јужна Европа и Кавказ”, забележува Коперник.
Над северозападниот дел на Пиринејскиот Полуостров, делови од Франција и Германија, Обединетото Кралство и Ирска, над северозападна Скандинавија, над поголемиот дел од источна Европа, источна и централна Турција, времето било повлажно од просечното. Коперник објави дека „Канада доживеа рекордна горештина, а многу повисоки од просечните температури беа забележани и на Гренланд и на Сибир”.
foto freepik.com
