ВАКЦИНИТЕ СО РАЗЛИЧНИ РЕАКЦИИ: Која дава посилнии по првата, а која по втората доза и колку време траат?
Според
досегашните истражувања, луѓето кои се вакцинирани со „АстраЗенека“ имаат
посилни реакции по првата примена доза, а оние пак кои се е вакцинирани со
„Фајзер“ чувствуваат посилни реакции откако ќе ја добијат втората доза од
вакцината.
Анализата на хрватски „Индекс“ покажува дека граѓаните ги почувствувале вакциналните реакции или по првата или по втората доза, но тие се очекувани и во повеќето случаи се добар знак бидејќи на тој начин одбранбениот механизам на организмот реагира на надворешните фактори, како што се вируси и бактерии. При вакциналните реакции, вушност организмот развива антитела, што практично е и целта на вакцинацијата.
Реакциите што ги даваат вакцините на „Астра Зенека“ и „Фајзер“ генерално се благи и краткотрајни, и најчесто траат околу два дена по примање на вакцината. Станува збор за болка во раката, околу местото каде е аплицирана вакцината, замор, болки во мускулите или главоболки. Ретки се реакциите на дијареја и повраќање, а уште поретки се алергиските реакции и згрутчување на крвта.
