Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВAКЦИНИТЕ ДАДОА ЕФЕКТ: Во оваа земја има рекорден број заразени, но нема починати

ВAКЦИНИТЕ ДАДОА ЕФЕКТ: Во оваа земја има рекорден број заразени, но нема починати

Исланд има рекорден број заразени со коронавирусот, а немаат починати. 

Оваа мала островска земја регистрира рекорден број инфицирани и екстремно мал број хоспитализирани лица. Сепак, охрабрува тоа што нема починати од 25 мај. Ова е последица, на прво место, на успешна вакцинација. Исланд пријави 2.847 нови случаи на инфекција со коронавирус за месец дена, што е најголем број во еден месец од почетокот на пандемијата. Научниците веруваат дека клучот е вакцинацијата. Исланд е на четвртото место во однос на стапката на вакцинација – 70,6 отсто од граѓаните ги примиле двете дози.  Пред Исланд се Сингапур (73,1 проценти), Обединетите Арапски Емирати (73,7 проценти) и Малта (80,5 проценти).  Во сиромашните земји вакцинацијата почна доцна и таму процентот на вакцинирани е мал. СЗО повеќе пати повика на солидарност. 

Слично

Поврзани вести